Во недела нема да се фрла ѓубре, а комуналците ќе имаат слободен ден

3062

За еколошки ден е определено тоа да биде недела, поточно од сабота вечер, до недела вечер до 19 часот. Директорот Абдусамед Шабани за весникот ВЕЧЕР вели дека во тој период нивните комунални возила нема да го подигаат сметот.

 – Станува збор за период, кога ќе се вклучат нашите екипи во трета смена за да го соберат сметoт. Тоа ќе значи дека граѓаните тој ден ќе се воздржуваат од фрлање смет. Сметот ќе го фрлаат по 19 часот во недела, а нашите екипи ќе го соберат почнувајќи од 22 часот, објасни Шабани

 

ЈП „Комунална хигиена“ преку воведување на еколошки ден еднаш во неделата, сакаат да ги сменат навиките на скопјани да го фрлаат отпадот од дома кога ќе им текне. Како што информираат од претпријатието, за еколошки ден е определено тоа да биде недела, поточно од сабота вечер, до недела вечер до 19 часот.

Директорот Абдусамед Шабани за весникот ВЕЧЕР вели дека во тој период нивните комунални возила нема да го подигаат сметот.

– Станува збор за период, кога ќе се вклучат нашите екипи во трета смена за да го соберат сметoт. Тоа ќе значи дека граѓаните тој ден ќе се воздржуваат од фрлање смет. Сметот ќе го фрлаат по 19 часот во недела, а нашите екипи ќе го соберат почнувајќи од 22 часот – објасни Шабани.

Тоа ќе значи дека вработените ќе имаат еден слободен ден, а со неизлегувањето на возилата ќе се придонесе во намалување на аерозагадувањето.

– И претпријатието, но и граѓаните ќе мораат да ги сменат своите навики доколку сакаме градот да ни биде чист – дециден е Шабани.

Според него, фрлањето на сметот ќе биде навечер, кога и ќе се собере, за во текот на денот контејнерите да бидат празни, а улиците чисти.

– Во поголемите главни градови во светот, и во Истанбул сметот се фрла по 19 часот, а во 22 часот го собираат екипи на комуналните претпријатија, а цистерните ги мијат улиците од 1 до 5 часот по полноќ. Всушност со воведувањето на еколошкиот ден, целта ни е да работиме трета смета, а во текот на денот само доколку е нешто инцидентно. Ваквиот систем треба да ги смени навиките и на граѓаните, тие ќе треба да се воздржат од фрлање смет преку ден, но и на вработените, но и ќе придонесе хигиената во градот да се одржи на највисоко можно ниво – објасни Шабани.

Тој информираше дека воведувањето на еколошки ден ќе биде проследено и со кампања.

Шабани нагласи дека поради тоа во интерес е и обновување на возниот парк на претпријатието, кој е амортизиран и не обновен 10 години.

– Потребни ни се најмалку 100 возила: ѓубретарки, метлачки, цистерни. Една метлачка заменува 20 до 30 вработени, а тоа е многу. Така ќе бидеме поефикасни и побрзи. За таа цел ќе се задолжиме за набавка на 47 возила. Веќе добивме согласност од Градот, а чекаме одобрување и од Министерството за финансии. Очекувам на крајот на годинава  да ги добиеме овие возила – информираше Шабани.

Освен тоа, по воведувањето на примарната селекција на отпадот во Влае, на средината на декември, минатата година, каде на 500 домаќинства им беа поделени по две канти – една за сува фракција, а друга за биоразградлив, односно течен отпад, проектот ќе се прошири и во Железара, со цел во текот на годинава да се започне со компостирање на комуналниот отпад.

(А.П.)