Во Москва е спречен терористички напад на железничката станица/ВИДЕО

97
Фото: screenshot X

На железничката станица во Москва е спречен обид за терористички напад, јавуваат руските медиуми.

Во Москва е уапсен маж кој планирал да разнесе цистерна на железничка станица, изјави за новинарите Јулија Иванова, помошник на шефот на Главниот директорат на Истражниот комитет во руската престолнина.

„Во Москва е приведен маж поради планирање терористички акт на територијата на Московската област“, ​​изјави претставникот на Истражниот комитет.

Според истрагата, мажот (40), „добијќи задача од неидентификуван соучесник“, се согласил за пари да изврши терористички напад – да разнесе цистерна на една од железничките станици.

Според соопштението, осомничениот прво ја зел експлозивната материја од однапред одредено место во еден од московските шумски паркови, а потоа пристигнал на една од улиците во Југозападниот административен округ, каде планирал да ја активира направата.

После тоа, мажот бил приведен од безбедносните сили.