Во МКЦ: Доделување на првата награда за стрип “Лифт“

88

Доделувањето на првата годишна стрип-награда “Лифт“ ќе се одржи утревечер (1 февруари), во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.

На изложбата и во публикацијата, испечатена по тој повод, ќе бидат претставени деветте најдобро оценети стрипови во 2018 година, од вкупно пристигнатите триесетина. Станува збор за стриповите на: НиколаПанов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилоски и Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и Владимир Трајановски.

За конкурсот и за наградените ќе зборува Никола Гелевски, член на жирито и уредник на “Темплум“, а другите членови се: Јана Јакимовска, Ласко Џуроски и Владимир Битољану. Наградите (покрај паричниот дел) во дрво ги изработи уметницата Калина Игновска.