Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска македонски и бугарски поети ќе учествуваат на 15-тото издание на Мајски средби на словенските творци „Свето Слово“ Бургас.
Настанот ќе започне во 18:00 часот, како завршен акцент на програмата на годинашниот поетски маратон, кој секоја година се одржува во Бургас.
На културниот настан на КИЦ ќе се претстават песни од истакнати талентирани автори од Северна Македонија, Даниела Андоновска-Трајковска, Соња Серафимовска и Ѓорги Калајџиев, како и бугарските поети Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.
Бојанова, една од основачите на „Свето слово“, ќе ја претстави својата книга „Обратна гравитација“, која неодамна ја објави Издавачката куќа „Макавеи“ Скопје, во превод на Бранко Цветкоски. Наталија Неделкова ќе чита песни од нејзината стихозбирка „Стапица за поетски соништа“, напишана на македонски јазик со нејзин креативен псевдоним Zoom Була и издадена од „Либра Скорп“Бургас. Рецензент е Ѓорги Калајџиев.