Во етерот се слушна досега необјавена песна на Оливер Драгојевиќ: „Прекрасно, како да живее се уште со нас“/ВИДЕО

794
Фото: oliver_dragojevic_official

Новиот албум на Оливер Драгојевиќ ќе излезе постхумно, а првата песна ќе можеме да ја слушнеме веќе денеска на две радио станици.

„Многу сме среќни што имаме можност уште еднаш да го слушнеме неговиот глас“, велат од тимот на познатиот музичар.

Великанот на хрватската музичка сцена Оливер Драгојевиќ не напушти во мај 2018 година, а речиси шест години по неговата смрт пристигнува досега необјавен албум со вкупно 12 нови песни.

Една од нив, наречена „Не могу ти речи“ веќе утре ќе биде достапна за слушање на сите дигитални платформи, а денеска премиероно ќе биде објавено на радио станиците Браво и Далмација.

„Неописливо сме среќни што овој петок во 9 часот на YouTube каналот на Aquarius records ќе го споделиме со вас спотот за новата песна на Оливер Драгојевиќ! Песната можете да ја слушате ексклузивно од четврток во 11 часот во програмите @bravo.feeling и @radiodalmacija. „Не могу ти речи“ – 1.3.2024. на сите сервиси и радио станици“, објавија на официјалниот Инстаграм профил на починатиот музичар.

На слушателите им се допадна новата песна на Оливер. „Прекрасно е да се слушне новата песна на Оливер, како да живее уште со нас“, рече еден од обожавателите во етерот.

Текстот на песната го напиша Матко Шимац, а за аранжманот беше задолжен Едуард Ботриќ. Во петок премиерно ќе биде прикажан спотот кој е дело на Матко Петриќ.

„Многу сме среќни што имаме можност уште еднаш да го слушнеме неговиот глас и сето тоа да го споделиме со вас“ – велат од тимот што го води профилот на Оливер.