Во Драчево хронично стана палењето кабли за вадење бакар 

60

Жители на Драчево реагираат дека на улицата „Герника“ број 1 постојано има палење кабли за вадење бакар. Велат дека е пријавувано во полиција, но од полициската станица Драчево не доаѓале бидејќи им биле познати и местото и луѓето. Пријавувано е и на бројот 192 и бидејќи се снима, секој пат праќаат екипа, ама и тоа е џабе, веќе следнит ден – иста песна.

Од О2 Иницијатива го прозваа Инспекторатот на Град Скопје да ги реши хроничните точки во градот каде што се палат кабли и друг отпад.

– Во Карпош, наутро, по работното време и за викендите, особено смрди на ваков чад, кој доаѓа од другата страна на Вардар. Неопходна е инспекција токму во тоа време. На толкав број вработувања во Град Скопје и во општините, може да формираат екипа од инспектори што ќе работи во три смени. Проблемот треба да се реши, а не да се остави како составен дел од нашето секојдневие, како што е сега – потенцираат од О2 Иницијатива.