Во автобус во БиХ пронајдено девојче жртва на трговија со луѓе

69

Во автобус на граничниот премин Брод, полицијата на Босна и Херцеговина идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.

-Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координираше активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на граничниот премин Брод, открија  и идентификуваа жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопштија оттаму.

Девојчето патувало на редовна автобуска линија во придружба на странски државјанин. По наредба на обвинител тој е приведен во Службата за странци на Босна и Херцеговина, а таа е сместена во безбедна куќа.

-Споменатото девојче се наоѓа во базата на лица по кои трагаат меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај нејзината мајка, велат од Обвинителство.