Восхитувачки гостин во јадранските води: Во близина на хрватски остров е забележан кит/ФОТО

342
Националниот парк „Млет“ на социјалните мрежи објави дека денеска во Млетскиот канал е забележан – кит.

„Во моментот немаме повеќе информации ни сознанија за кој вид станува збор, но се молиме да не му се доближувате со бродови и да ни ја испратите локацијата и времето на -mljet@np-mljet.hr”, кога ќе го забележите, напишаа на Фејсбук.

Н1 Загреб потсетува дека минатата година во близина на островот Вис, е снимено јато китови.
И претходните години китови се видени на Јадранот. Така од институтот „Син свет“ минатата година потврдија дека кај Вела Лука е забележано јато грбави китови.