EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Почестен од шведската репрезентација во Стокхолм, Златан Ибрахимовиќ повторно ја покажа својата самобендисаност со одговорот на прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња?

  • Пред 25 години реков дека ќе бидам најдобар на сите времиња и многумина се смееја. 25 години подоцна можам да бидам тука и да кажам дека сум најдобар на сите времиња, изјави 42-годишниот Ибра, кој за својата земја постигна 62 гола на 122 натпревари.

Во текот на својата кариера, Ибрахимовиќ ги носеше дресовите на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.