Многу куќи беа поплавени, а многу патишта беа тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција.
Во Волос поради невремето „Елиас“ се активираа голем број свлечишта, а проблеми има и во снабдувањето со струја и вода.
Како што пренесува грчкиот јавен сервис ЕРТ, Волос моментално изгледа како „град кој е бомбардиран“, откако во септември за две и пол години врнеше дожд колку Атина.
На островот Евија многу области сѐ уште се без струја и вода поради штетите предизвикани од излевањето на реките.
Многу патишта се уништени, а голем број згради се под вода, пренесува Катимерини.
Мештаните се обидуваат да ја отстранат калта со трактори и лопати.
Во Тесалија некои училишта се уште работат од далечина бидејќи училниците се поплавени, но во поголемиот дел од училиштата од денеска почнува наставата во живо.