Вокер ми ги чистеше копачките, а следниот ден потпиша за Тотенхем

162

Кајл Вокер доживеа големо понижување, соиграчите, кои беа многу повозрасни и поискусни од него му се смееја, но тој беше оној кој последен се смееше.

Репрезентативецот на Англија го напушти Шефилд Јунајтед во 2009 година, кога како голем талент потпиша за Тотенхем, а подоцна оттаму ќе замине во Манчестер Сити и ќе стане еден од најдобрите бекови во Европа.

Минатата сезона ја освои тројната круна со Сити, но почетокот на неговата сениорска кариера не беше воопшто лесен. Десниот бек се соочи со различни проблеми, а еден од тие беше и понужувањата кои ги трпеше од постарите соиграчи.

Вокер ги има исчистено копачките на клупската легенда Били Шарп пред да се појави на големата сцена. Тој дебитираше за Шефилд во 2008 година, но непосредно пред заминувањето, колегите урнебесно го исфрлија од тимскиот хотел.

-Отидовме на претсезонско патување во Малта. Вокер и Натон беа цимери и поради некоја чудна причина ја добија најдобрата соба од сите нас. Бевме како: „Што се случува? Двајца млади момци, најдобра соба“. Ги избркавме од собата, а следниот ден двајцата завршија во Тотенхем. Се обложувам дека се смееја сами на себе и си мислеа: „Добро, не е важно, дефинитивно ќе одиме во Тотенхем“, раскажа Били Шарп додека беше гостин во еден подкаст.

Вокер имаше 229 настапи за „петлите“ пред да замине во Сити, додека Натон одигра 74 натпревари пред да се пресели во Свонси каде играше девет години. Кога е во прашање Шарп, тој сега игра во МЛС за ЛА Галакси.

Кајл Вокер летово многу се поврзуваше со Баерн (М), но и тој и Пеп Гвардиола ја продолжија соработката со Манчестер Сити.

Иако е прилично проблематичен надвор од теренот и редовно е во центарот на вниманието поради најчесто секс скандали, 33-годишниот Вокер е навистина недостижен на теренот.

Во Манчестер Сити пристигна во 2017 година, кога на Тотенхем му беше исплатено повеќе од 50 мил. евра, а може да се каже дека овој фудбалер е една од најдобрите инвестиции на „граѓаните“. Во актуелната сезона забележа 18 настапи и има една асистенција.