Американскиот тим Трекхаус рејсинг од следната сезона ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот. По завршувањето на сезоната, компанијата „Дорна спортс“ објави дека тимот на РНФ останал без место во шампионатот, поради бројни прекршувања на договорот, што влијаеше на имиџот на Мото ГП во јавноста. Ова беше особено поврзано со фактот што главниот спонзор на тимот и мнозински акционер, Криптодата, не платил за спонзорството на Австриското ГП, како и поради бројни други долгови.

Возачи на Трекхаус рејсинг ќе бидат Мигел Оливеира и Раул Фернандес, кои имаат договори со Априлија, а шампионатот започнува на 10 март, со трката за Големата награда на Катар.