Властите во Пјонгјанг наредија петдневно заклучување поради „респираторна болест“

19

Ова е прва ваква мерка откако Северна Кореја прогласи победа над Ковид-19 на 19 август 2022 година.

На жителите на Пјонгјанг им е наредено да останат дома од среда до недела.

Жителите на Пјонгјанг, исто така, мора да мерат температура неколку пати на ден, објави НК њуз со седиште во Сеул.

Во извештајот не се спомнува Ковид-19, но се вели дека настинката е меѓу новите болести кои моментално се шират низ главниот град на Северна Кореја.