Вкупно 25 пријави за семејно насилство за шест месеци во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија

26

Вкупно 25 пријави за семејно насилство има за шест месеци во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Ова го соопшти денеска за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

-СВР Велес ве известува дека бројот на пријави од граѓани по основ на семејно насилство во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година, за територијата на Кавадарци и Росоман изнесува вкупно 15, додека за територијата на Неготино и Демир Капија – вкупно 10, одговори Самарџиев на новинарско прашање од МИА.

Споредено со периодот од 1 јануари до 30 јуни минатата година, забележан бил тренд на намалување, бројот на пријави од граѓани во посочениот период за територијата на Кавадарци и Росоман изнесувал 18, а за Неготино и Демир Капија – 16.