– Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштени лице ќе гласа утре, како и двајца од затвор, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.
Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, утре ќе гласаат 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор. Овде има вкупно 3.216 гласачи.