Вицепремиерот Битиќи покровител на МЕФ Енергетски форум 2023

37
Енергијата и економијата се длабоко поврзани. Едното не може да расте и да се развива без другото и затоа, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашите економии и врз благосостојбата на идните генерации, рече вчера вечерта вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, посакувајќи му успешна работа на МЕФ Енергетски форум 2023 година што ќе се одржува денеска и утре во Скопје.

Битиќи кој е покровител на форумот, на свеченоста приредена за учесниците искажа задоволство што Северна Македонија ќе биде место на кое ќе се води дијалог, ќе се разменуваат знаења и ќе се споделуваат иновативни пристапи, достигнувања, трендови и стратегии поврзани со енергетските предизвици.

Форумот чија тема годинава е  „Подобрување на триаголникот Политики – Финансиска – Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“, го организира ЗИП Институт, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Најавено е учество на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.

Овој форум почна во 2018 година како иницијатива која требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во погл (МИА) – ед на геостратегиските енергетски позиции.