ЕКСПРЕСНИ ИЗБОРИ: Шпанско село избра градоначалник за 30 секунди

115

На жителите на шпанско село им биле потребни помалку од 30 секунди да ја извршат гласачката должност на неделните локални избори и да ги затворат избирачките места, објави BBC.

Седумте регистрирани гласачи во Виљароја, мало село во покраината Ла Риоха, со тоа го соборија својот претходен рекорд од 32 секунди.

Селскиот началник Салвадор Перез на таа должност е од 1973 година.

„Не знам дали ќе ги добијам сите седум гласови, но доста сум сигурен во тоа“, рекол Перез за шпанските медиуми пред гласањето.

Рече дека жителите на Виљароја се „многу добро обучени“ и дека биле подготвени за гласањето штом биле отворени гласачките места.

Само 29 секунди и 52 стотинки подоцна, Виљароја стана првото место во Шпанија во кое беше во неделата затворено избирачкото место.

Перез призна дека неговите сожители веројатно биле мотивирани од чувството на конкуренција со друго шпанско село – Иљан де Вакас во Кастиља Ла Манча, кое што има само три регистрирани гласачи.