Во Молдавија е регистриран првиот случај мајмунски сипаници, соопшти денеска преку социјалните мрежи молдавската министерка за здравство Ала Немеренко.
Според неа, болното лице е странец кој службено во Молдавија допатувал од САД.
„Лицето побарало лекарска помош во Инфективната болница каде што е хоспитализирано со сомневање за мајмунски сипаници. Евидентираните симптоми се треска, слабост и исфрленост на кожата“, посочува Немеренко во објавата на социјалните мрежи.