Куманово ќе гради канализациска мрежа во населбата „Иго Тричковиќ“

52
Општина Куманово ќе постави фекална канализациска мрежа на дел од улиците во приградската населба „Иго Тричковиќ“, соопштија денеска надлежните.
Општината склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности, изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици во населбата, за што од општинскиот буџет ќе се одвојат 18.795.602, 81 денар со вклучен данок на додадена вредност.
Од петте понуди на заинтересираните компании од државата, избрана е скопската фирма „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ“.
Претходно, во населбата беа реконструираат краците „1“, „4“ и „5“ .Жителите на населбата со години наназад бараа решавање на овој инфраструктурен проблем.