Вечерва од 23 часот, прекин на водоснабдувањето во село Сингелиќ

62

Жителите на село Сингелиќ вечерва со почеток од 23 часот ќе имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“ бб , до фурната кај Џамијата на Сингелиќ, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

-Ве известуваме дека на ден 31.10.2023 поради уличен дефект на ул. Алија Авдовиќ бб /Сингелиќ (до фурната кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Сингелиќ, велат од претпријатието.

Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:00 часот до санирање на дефектот, а ќе се работи во вечерните часови поради фреквентност на улицата.