Руската фудбалска репрезентација и посака среќа на Србија пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. Србија вечер ги почнува настапите на Мундијалот во Катар.
- Среќно на Светското првенство! Веруваме во вашиот успех, браќа! – се вели во пораката на српски јазик, објавена од прес-службата на рускиот тим.
Репрезентацијата на Србија вечер од 20 часот против Бразил ќе го има првиот натпревар на Светското првенство 2022.