Вакциниран за 350 евра! Уапсена Французинка што продавала лажни Ковид потврди

57

Триесетгодишна Французинка од Гренобл упасена е под по сомнение дека изработувала лажни сертификати за вакцинација.

Во соопштението од локалната полиција се наведува дека осомничената е приведена на работното место во Центарот за вакцинација во Гренобл и дека во нејзината чанта е пронајдена листа со имиња на нарачатели на сертификатот и нивни лични податоци, објавија француските медиуми.

Полицијата утврдила дека жената за лажните потврди за вакцинација наплатувала меѓу 250 и 350 евра, како и тоа дека до апсењето таа продала повеќе од десет фалификувани потврди.

Доколку судот ја прогласи за виновна, таа може да добие затворска казна од седум години и парична казна од 100.000 евра.