Вака не изгледа среќен човек! Пике нерасположен и запуштен слета во Мајами/ФОТО

500

Жерар Пике е фотографиран на аеродромот во Мајами, каде што пристигнал да ги посети своите синови Саша и Милан, кои на почетокот на месецот се преселија таму со нивната мајка Шакира.

Многумина забележаа дека поранешниот играч на Барселона изгледа запоставено и дека видливо качил неколку килограми.
„Вака не изгледа среќен човек“, „Што му се случи?“, „Изгледа веќе не тренира ни тело ни мозок“, „Изгледа премногу се опушти на одмор“, „Бездомник“ , „Слушнав дека Клара Чиа не смее да им приоѓа на децата“, се само дел од реакциите на луѓето на социјалните мрежи.

Пред да отпатува во Мајами за да ги види децата, Пике поминал неколку дена на одмор во Абу Даби со својата нова девојка Клара Чиа, со која наводно ја изневерувал Шакира по 12-годишна врска.