Кумановец случајно испукал дијабола во раката на сопругата

101

Кумановец во невнимание испукал дијабола во раката на својата сопруга додека престојувале во куќа на негов пријател. На жената и бикла укажана лекарска помош, а од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која и е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи“ – стои во известувањето од МВР.