Бугарските туристи се откажаа од летување во Охрид, нашите се потепаа за  зимување во Банско, Боровец…

Македонија, сепак Македонците не се откажуваат од зимување во Бугарија. Банско, Боровец и Пампорово, кои и понатаму се на листата на најпосакувани зимски туристички дестинации за Македонците. Ова за весникот ВЕЧЕР го потврдија и од туристичките агенции од каде што велат дека сè уште има голем интерес за зимување во Бугарија, а цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период и се движат од 700 па до 10.000 евра. Но за разлика од македонските туристи кои не се откажуваат од зимување во Бугарија, бугарските туристи кои се откажаа од летување во Охрид

1125

За разлика од бугарските туристи, кои ја избегнуваат Македонија, сепак Македонците не се откажуваат од зимување во Бугарија. Банско, Боровец и Пампорово, кои и понатаму се на листата на најпосакувани зимски туристички дестинации за Македонците. Ова за весникот ВЕЧЕР го потврдија и од туристичките агенции од каде што велат дека сè уште има голем интерес за зимување во Бугарија, а цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период и се движат од 700 па до 10.000 евра.

-И годинава има интерес за зимување во бугарските туристички центри, Банско, Боровец и Пампорово. Цените во зависност од категоризацијата на хотелот се движат од 700 евра во хотел со три ѕвездички, до 10.000 евра в делукс апартмани со две соби. Во просек цените за хотел со три ѕвездички за седум ноќавања, на база на полупансион, се движат од 1.000 евра па нагоре, велат за весникот ВЕЧЕР од една скопска туристичка агенција.

Оттаму додаваат дека за разлика од минатите години, годинава интересот е послаб, но не знаат дали тоа се должи на актуелната политичката ситуација или на инфлацијата и зголемените цени.

– Зимските туристички центри во Бугарија го држат приматот на топ-дестинации во кои македонските граѓани сакаат да одат на зимување. Причините секако се добрите цени за квалитетот на сместување, близината и добри патеки за скијање. Исто така, актуелни се и зимските туристички центри во Србија, Копаоник и Златибор, но таму цените се повисоки и нема сместување под 1.000 евра за седум дена, велат од агенциите.

Но за разлика од бугарските туристи кои се откажаа од летување во Охрид, македонските не се откажуваат од зимување во Банско, Боровец, Пампорово…

Ова неодамна го потврди и првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, кој рече дека оваа година драстично е намален бројот на бугарски туристи во земјава, поради чувствителната политичка клима.

-Бугарските туристи во земјава беа во топ-5 туристи, кои во најголем број ја посетуваа Македонија до 2019 година. Сега оваа слика е променета, особено оваа сезона кога бројот на бугарски туристи е сè помал, изјави Јаневски.

Сепак, како што рече тој македонскиот туристички сектор успеа да го надополни минусот на ноќевања и туристи од Бугарија, кои ни се во пад од 70 отсто со туристи од европските земји.

Според информациите на Институтот за анализи и евалуации во туризмот очекувањата се дека годинава во Бугарија ќе има повеќе од 1,7 милиони туристи, како и околу 3 милиони патувања на Бугарите до зимските дестинации главно за викенд празници. На глобално ниво Бугарија има добри резултати во овој сегмент, минатата година беа постигнати одлични резултати во декември, јануари и февруари. Во новата зимска сезона очекувањата се дека ќе се постигнат најмалку истите лански бројки. Во текот на зимската сезона се очекуваат многу туристи од Турција, Грција, Македонија, Кипар и Романија, а 56 отсто од туристите ќе бидат од ЕУ. Инаку, најпосакувани зимски дестинации и од Бугарите и од странците се Пампорово, Боровец и Банско. Минатата зима Бугарија повторно се најде на врвот на рангирањето на „Пост офис травел“ важи за најдобри одмори во Европа со вредност за парите.

(А.С.)