Британец летал од Лондон до Њујорк како слеп патник

242

Британецот Крег Стерт допатувал со авион од лондоскиот аеродром Хитроу до њујоршкиот аеродром ЈФК без карта и пасош, поради што Стернт(49) влегол во авион на компанијата Бритиш ервејс така што поминал покрај друг патник низ царинската контрола на терминалот во Хитроу.

Откако пристигнал во Њујорк тој е приведен, а полицијата утврдила дека немал никаква документација, па е вратен во Велика Британија со чартер лет, наведува британски Телеграф.

Тој е обвнинет за измама и прекршок во рамки на Законот за безбедност во авио-сообраќајот кога се вратил во Велика Британија.

Требало да се појави пред судот во Аксбриџ во Лондон, но не го сторил тоа, па против него е издадена потерница.