Бремената Авганистанка која синоќа пристигна во нашата земја роди здраво машко бебе

58

Авганистанката која пристигна бремена со синоќешниот лет од Кабул во Македонија, се породи денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и роди здраво машко дете тешко 3 килограми и 200 грама.

Авганистанката прва беше изнесена од авионот, и веднаш пренесена во болница, каде што денеска на свет донесе здраво машко дете.

Бебето и мајката се чувствуваат добро. И бил направен тест кој бил негативен.

На останатите кои дојдоа во Скопје, меѓу кои и една жена на која и се слошило, но сега била во добра здравствена состојба, им биле пружени сите прегледи во текот на денешниот ден.