Зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта во штипскиот Ковид центар

28

Во штипскиот ковид ценгар се зголемува бројот на прегледи во дневната амбуланта, за 24 часа лекарите имале 50 прегледи, а под болнички третман се вкупно 54 пациенти од целиот источен регион. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина

Шуманска во здравствениот извештај наведува дека во модуларната болница се лекуваат 44, а 10 пациенти се во Кожното одделение.

-Имаме починато една пациенка од Штип, на возраст од 78 години, а на кислородна поддршка се 28 пациенти, вели Шуманска.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека финишира и постапката за поставување на централен довод за кислород во Инфективното одделение, кое се реконструира со европски пари.