Бред, Анџелина и олигарх: Актерот тврди дека екс сопругата му се одмаздила на бизарен начин

242

Бред Пит тврди дека Анџелина Џоли тајно го продала својот дел од нивниот заеднички имот во Франција. Според правните документи објавени од страна на Page Six, тој верува дека актерката го направила тоа за да му наштети поради битката за старателство над децата.

Познатиот поранешен пар имал договор за поделба на имотот, во кој и двајцата потврдиле дека никогаш нема да го продадат својот удел во винаријата Шато Миравал што ја купиле во 2008 година. Пит се согласил да го подели имотот на половина, а претходно поседувал 68 отсто од земјиштето бидејќи вложил повеќе време и пари.

Тие претходно се договориле дека секогаш ќе бидат посветени на тоа лозје и никој од нив нема да го продаде својот дел без дозвола на другиот, но актерката го игнорирала договорот.

Меѓутоа, во летото 2021 година, актерот дознал дека неговата поранешна сопруга го продала својот удел зад неговиот грб, наводно поради одлука со која не добила целосно старателство над нивните шест деца, туку го поделила со Пит.

За ситуацијата да биде уште полоша, купувачот е дел од конгломерат за вотка на чие чело е олигарх, па така планирале да ги искористат холивудските врски за да го исчистат својот углед.

„Како што ќе се докаже на суд, постапките на Анџелина Џоли биле незаконски и тие сериозно и намерно го оштетиле Пит за неправедно да се збогатат“, пишува во документот до кој имал пристап „Дејли Мејл“.