Богдановиќ ги охрабрува сопствениците да ги отстранат нелегалните тераси

146

Сопственик на локал на булеварот „Климент Охридски“ испратил фотографија со која ја документирал отстранетата нелегална тераса на сопствена иницијатива, пишува на својата фејсбук-страница градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

– И соседниот локал најави дека во наредните неколку дена ќе ја отстрани својата. Ги охрабрувам и другите сопственици на локали на кои Општина Центар им има доставено решенија за рушење на „дивите“ тераси да го направат истото. Нашата акција продолжува, ред мора да има, потенцира Богдановиќ.