Блокадата на патот Градско – Прилеп продолжува додека не биде исплатена платата за октомври, изјави денеска претседателот на Синдикат во „Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев.
Тој уште еднаш повика на помош и поддршка за спас на фабриката, од која директно зависат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и претставува значаен субјект за кавадаречката, но и македонската економија.
Ѓорѓиев апелираше за разбирање од страна на државните органи, исплата на повраток на ДДВ, а истовремено ги повика странските газди да го остават гигантот ако не мислат комбинатот да работи и да се изнајде инвеститор кој ќе ја врати во живот фабриката.