Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, би можел да игра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, пишува „Sportsport.ba“. Како што пишува овој босански медиум, покрај Пантер, Кошаркарската федерација на оваа земја размислува да му даде документација за настап и на Вејд Болдвин од Макаби Тел Авив.

Пантер има српско државјанство, но досега не добил повик од тренерот Светислав Пешиќ, а БиХ ќе се обиде да го искористи тоа. Таа размислува и за Болдвин, кој се издвојува како поевтина варијанта во однос на Пантер.

Во квалификациите за Евробаскетот, БиХ е во група со Кипар, Франција и со Хрватска.