Берлин планира да лансира летечки воз

128
EPA/ROLEX DELA PENA

Градот Берлин планира да тестира воз со магнетно-левитациски (тн. маглев) на патека долга пет километри, изјави претседателот на фракцијата на Демохристијанката унија (ЦДУ) во Градското собрание, Дирк Штетнер.

– Се очекува дека лебдечкиот воз ќе биде поевтин и оти за изградбата на таква пруга ќе треба помалку време отколку за нова подземна железничка линија. Покрај тоа, занимлива е информацијата, особено ако се земе предвид хроничниот недостиг на работници во берлинската Јавна сообраќајна служба, дека возот маглев ќе сообраќа без машиновозач, нагласи Штетнер.

Берлинските медиуми пишуваат дека на тој план се согласиле и социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц.

Изградбата на железница за овој нов вид сообраќај, според Штетнер, ќе чини 80 – 85 милиони евра, од посебен фонд од пет милијарди евра, наменет за проекти за ублажување на последиците од климатските промени. Не се соопштуваат подробности за трасата, ниту кога треба да почне изградбата.

Западен Берлин имаше од 1984 до 1991 година кратка „М-Бан“ линија за магнетни возови, што првично беше тест-проект, а потоа накратко беше вклучен во и редовниот сообраќај. Кусо по обединувањето на Германија, проектот беше напуштен.