Вашите бели дробови имаат неверојатна способност, целосно да заздрават од канцерогените мутации предизвикани од пушењето, но само ако направите една работа – да престанете да пушите.
Мутациите што доведуваат до карцином на белите дробови се моментални и опстануваат дури и кога ќе престанете да пушите. Но, изненадувачкото откритие објавено во списанието „Природа“ (Nature), покажува дека оние неколку клетки кои го избегнале оштетувањето, можат да ги „поправат“ белите дробови.
Тој ефект е забележан и кај пациенти кои пушеле една кутија цигари дневно, 40 години пред да престанат да пушат. Илјадници хемикалии од чадот од цигари предизвикуваат промени на структурата на ДНК во клетките на белите дробови, полека ги трансформираат од здрави во канцерогени клетки.
Студијата откри дека тоа се случува во големи размери во белите дробови на пушачите, дури и пред да развијат карцином.
Огромното мнозинство на клетки земени од дишните патишта на пушачи биле мутирани од тутунот, а клетките содржеле до 10,000 промени.
Но, мал дел од клетките остануваат недопрени. Не е јасно како тие го избегнуваат генетското уништување предизвикано од пушењето, но научниците велат дека изгледа опстануваат во некој свој бункер. Откако некое лице ќе престане да пуши, овие клетки растат и ги заменуваат оштетените клетки на белите дробови.
Кај луѓето кои престанале да пушат до 40 проценти од нивните клетки, личат на луѓе кои никогаш не пушеле.
Научниците допрва треба да утврдат колкав дел од белите дробови заздравува.
Претходните студии покажаа дека ризикот од карцином на белите дробови се намалува речиси од денот кога луѓето престануваат да пушат, а се претпоставуваше дека со прекинот на пушење, се прекинува мутацијата предизвикана од пушењето.