Легендарбиот германски тенисер, Борис Бекер, ќе му биде тренер на перспективниот Холгер Руне и во следната сезона, јавуваат повеќе медиуми.

Нивната соработка започна со пробен период за Бекер, но очигледно Руне е задоволен од неговата работа и потпишаа договор за целата следна година, со можност за продолжување на соработката и во иднина. Може да се каже дека одлуката на Данецот е сосема логична, затоа што Бекер имаше солиден почеток со 20-годишниот тенисер, кој важи за еден од најголемите светски таленти.

„Се радуваме што оваа соработка ќе продолжи и во 2024 година. Одушевени сме од работата на тренерскиот тим, а Холгер е презадоволен од нив. Тоа за нас е најважно, зашто само така може комплетно да се фокусира на тенисот и на освојување трофеи во иднина“, изјави мајката на Руне, Анеке.

Холгер Руне го ангажираше Бекер во октомври годинава, откако претходно имаше лоша серија од една победа и дури шест порази. Откако Бекер дојде во неговиот тим, успеа да стигне до полуфинале во Базел, до четвртфинале на Мастерсот во Рим и се квалификуваше за АТП Мастерс Купот во Торино, каде го заврши својот настап уште во групната фаза.