Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од булевар „Партизански одреди“, крак 1, 3,5,9 и 11, потегот од улицата „Московска“ до мостот „Обединети Нации“, улиците: „Демир Трајко“, „Ванчо Мицков“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхломска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. Водоснабдувањето во АД „Реплек“ ќе биде со намален притисок.
Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради промена на шпингла за затворач во непосредна близина на мостот „Обединети Нации“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.