Без вода утре делови од Тафталиџе

27

Прекинато водоснабдување утре од 9 до 12 часот ќе имаат корисниците во дел од улиците „Багдадска“, „Атинска“ и „Ристо Равановски“, во населбата Тафталиџе, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат, е изведување водоводен приклучок на улица „Багдадска“, бр.35.