Без вода корисниците на дел од булевар „Србија“

63

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради промена на затворач на булевар „Србија“ (во близина на мостот), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно индустриската зона.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Без вода денеска се и дел од жителите на скопските општини Сопиште и Бутел.

Како што информираа од ЈП „Водовод и канализација“, прекин во водоснабдувањето денеска имаат дел од жителите на село Ракотинци, општина Сопиште. Прекинот е поради санирање дефект на улица „1“, бб.

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Бутелска“ со крстосницата со улица „Марко Крале“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат и дел од корисниците од улицата „Марко Крале“.