Сензација на годината:Целје го шокираше четирикратниот европски шампион во ЛШ

243

Ракометарите на Целје, Словенија ја приредија најголемата ракометна сензација во годината совладувајќи го моќниот Кил со 38:36 во 2. коло од Лигата на шампионите. Целје беше огромен аутсајдери на овој натпревар, а победија благодарение на десетте гола на одличниот Алекс Влах и 13 одбрани на 21-годишниот голман Гал Габершек.

Немаше преголема драма бидејќи, освен во воведните 15 минути, Германците до крајот на мечот немаа шанси за победа. Кил поведе со 8:4 и се чинеше дека рутински ќе победи, но Словенците израмнија со брза серија на 4:0 и по водството 11:10 не го испуштија водството до крајот на натпревар.

На полувреме заминаа со три гола разлика (17:14), која рутински ја одржуваа во второто полувреме, а неколку пати одеа и со шест гола разлика. Во финишот на играта влегоа со водство од 36:30, а Кил до крајот успеа да го ублажи сензационалниот пораз.

Покрај десетте гола на Влахо,  Анте Иванковиќ постигна пет. Кај гостите најдобар беше Патрик Виенчек со десет гола, но лошите голмани го чинеа пораз на Кил. Томаш Мрква одбрани само шест, а одличниот Никлас Ландин само една топка.