Боксерката Даниела Хемсли, откри дека била принудена да ги покаже градите по победата над Даниелка во второто боксерско шоу на Кингпин и тоа пред целата публика, а ги виде и целиот свет затоа што мечот беше пренесуван во живо. Луѓето кои гледаа веднаш се вклучија на интернет и се расправаа дали ова е в ред.

Даниела сега открива дека всушност добила дозвола од самиот промотор на Кинпгин пред настанот. На јутјуб – Хемсли покажа размена на пораки меѓу неа и извршниот директор на Кингпин.

„По ѓаволите, мислам дека треба да ги покажеш. Да, го имаш моето официјално одобрение. Официјално не сум го кажал тоа, но официјално се согласувам и се е в ред. Не, види, в ред е, само ќе кажам дека не знаев што се случува“, ѝ вели извршниот директор на боксерка.

Откако ја откри оваа говорна пошта, Даниела рече дека неколку дена подоцна, промоторот избезумено и се јавил и ја уценувал преку телефон. Конечно, Даниела откри дека Кингпин сè уште не и го исплатил она што ѝ го должи.