Бачев: Единствена Македонија на локалните избори настапува самостојно со 33 советнички листи во 33 општини

64

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев заедно со сопартијци и носителката на советничката листа за Куманово Сунчица Павлова ги запознаа граѓаните на Куманово со конкретните програмски точки и принципи за кои ќе се залагаат советниците од Единствена Македонија во Советот на Куманово доколку ја добијат довербата од кумановчани на локалните избори на 17 октомври.

Мора да си ја вратиме општината назад на граѓаните, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Науката ги измислила механизмите како се гради современа и убава општина за живеење. Потребни се само чесни и честити народни претставници. Токму тоа е нашиот најсилен квалитет – ја бараме довербата со чесни и честити кандидати.

Единствена Македонија на локалните избори настапува самостојно со 33 советнички листи во 33 општини под слоганот „Сега имате избор“. Не ни недоставува знаење, туку желба за чесно, домаќинско и одговорно работење, на што се обврзуваат идните советници од Единствена Македонија

Бачев со апел до кумановчани овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на општината, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија!

 Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија