Србија:Откриена фабрика за производство на фалсификувана мелена плазма, едно лице уапсено

144
Министерството за внатрешни работи Припадниците на Министерството за внатрешни работи го уапсиле Д.Ц. (41), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено користење туѓо деловно име и друга посебна марка на стоки или услуги.
Според соопштението на МВР, осомничениот се товари дека подолго време организирал производство на мелени бисквити „Плазма“ во Белград, со намера да ги измами муштериите, користејќи туѓо име и печат.
На неколку локации во Белград, полицијата пронајде фалсификуван производ од мелени бисквити „Плазма“ во пакување од 300 грама што се продаваше во помалите продавници, а со понатамошна работа, илегална фабрика за производство на овој фалсификуван производ, сопственост на осомничениот.
Во фабриката се пронајдени линија за полнење на пакување, печатач за печатење на пакување, поголема количина фолија, печатени картонски пакувања, како и рефус мелени бисквити.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.