Барселона купи фудбалер за 7 милиони евра, излезната клаузула 300 милиони

48

Барселона потврди дека е постигнат договор со Палмеираш за Матеус Фернандеш. Централниот играч за врска ќе се пресели на „Камп Ноу” на 1 јули оваа година, според трансферот вреден седум милиони евра плус уште три милиони од евентуални бонуси.

Договорот ќе биде потпишан на пет години, а веќе е позната и сумата во откупната клаузула. Ако некој клуб изрази желба за ангажман на Фернандеш, ќе мора да плати 300 милиони евра. Тој досега постигна 11 гола во дресот на Палмеираш во кој пристигна од Ботафого.

Фудбалерот со славно презиме е централен играч за врска, а негови најголеми квалитети, како што појаснуваат Каталонците, лежат во дефанзива. Го опишуваат и како дефанзивен играч за врска кој е веднаш пред одбраната, па можно е дека на „Камп Ноу” во него гледаат наследник на Серхио Бускетс.