Баба Ива го има најдобриот рецепт за пица

3099

Светскиот ден на пицата се слави на 9 февруари. Ова вкусно јадење го сакаат и младите и старите и барем еднаш неделно се наоѓа на домашните менија.

Иако скоро сите сакаме да јадеме пица во нашата омилена пицерија, некако најслатка е онаа што ја правиме дома по рецепт на баба или мајка.

Домашните пици се разликуваат од пиците од „продавница“ по дебелината на тестото, а нашите баби сакаат да ги прават густи и меки како памук, што наликува на леб.

Баба Ива ни го откри својот рецепт за вкусна пица на која навистина можете да ставите се: шунка, свеж зеленчук, кромид, домати итн.

Состојки:

Половина килограм брашно,

Инстант сув квасец,

Шест лажици масло

Малку сол,

Околу два децилитри топла вода,

Готов сос од домати за пица,

300 гр од вашето омилено пица сирење

Оригано

Додатоци по желба: пршута, панцета, шунка, маслинки, феферони…

Подготовка:

Во сад измешајте ги сувите состојки (бршно, квасец и сол) и додадете масло, па топла вода. Добро измешајте ја смесата, по потреба додајте брашно или вода. Тестото е готово кога ќе престане да се лепи за рацете.

Над садот со тестото ставете проѕирна фолија. Погрижете се добро да се затвори и ставете го на топло место и оставете го да отстои најмалку еден час.

Голем плех премачкајте го со масло и во него ставете го растегнатото тесто за пица.

На тестото ставете сос од домати, посипете со рендано сирење и додајте ги омилените додатоци. Баба Ива повеќе сака парчиња шунка, маслинки, панцета и оригано.

Тавата за пица ставете ја во загреана рерна да се пече на 200 °C околу 20 минути.