Баба Ванѓа кажала како да ги повикате среќата и парите во домот – ова никако не го правете!

1976

Некои обичаи и верувања се длабоко вкоренети во нашиот народ, без оглед на недостатокот на научна потврда. Додека многумина сметаат дека некои работи се само суеверие, други цврсто веруваат во нивната вистина.

Баба Ванѓа е родена како Вангелија Димитрова во Струмица во 1911 година. Бројни легенди и приказни велат дека Баба Ванѓа имала сосема нормално детство се до страшнaта бура која и ги одзела очите, но и вдахнала „поглед кон иднината“.

Баба Ванѓа верувала дека овие практики носат среќа и порачува:
1. Секогаш јадете и пијте од цели и неоштетени чинии и чаши за да ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.

2. За да спречите среќата и просперитетот да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше.

3. Корите леб и трошките што останале од ручекот или вечерата, дајте им ги на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.

4. Никогаш не се фалете со својата среќа, особено не пред странци. Нивната завист може да донесе несреќа во вашиот живот.

5. Не чувајте скршено или испукано огледало во домот, бидејќи тоа може да ви ја украде среќата. Таков предмет не е добредојден во вашиот дом.

6. Носете пари во паричникот, никогаш стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.