Ах, тие Јапонци, кој да мисли на нив ако не самите: Започната е продажба на електрична лажица која го намалува внесот на сол

748
Јапонскиот производител на пијалаци Кирин Холдингс започнува со продажба на електрични лажици за кои научниците тврдат дека поттикнуваат поздрава исхрана бидејќи ги засилува солените вкусови без додавање сол.
Представувањето на производот во понеделник е првата комерцијализација на технологијата на минатогодишната добитничка на Иг Нобел, награда за невообичаена наука.
Кирин на интернет ќе продаде само 200 електрични лажици по цена од околу 117 евра и ограничена количина во една јапонска продвница во јуни, но се надева дека на крајот ќе продаде милион примероци во светот во идните пет години. Подажбата во странство ќе почне идната година.
Лажицата направена од пластика и метал е развиена во соработка со професорот од универзитетот Меиџи Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електрични стапчиња за јадење ги интензивираат вкусовите, во овој случај соленоста.
Кирин, компанија кој се обидува од продажбата на пијалаци да влезе во подрачјетоо на здравството, тврди дека оваа технологија е посебно значајна за Јапонија бидејќи ворасните лица во земјата просечно консумираат 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препораката на Светската здравствена организација.
Претераната консумација сол е поврзана со високиот крвен притисок, мозочните удари и други болести.
„Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови. Јапонците мораат да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да се напуштат нашите прехранбени навики. Тоа не доведе до создавањето на оваа електрична лажица“, изјави истражувачката Аи Сато во компанијата „Кирин“.
Лажицата е тешка околу 60 грама и работи на литиумска батерија што се полни.