Македонскиот ракометен репрезентативец Петар Атанасијевиќ (19) останува во битолски Пелистер и во следните четири години, откако и официјално потпиша нов договор со зелено-белите до 2026 година.

Атанасијевиќ уште како малолетен дојде во Пелистер, а преку вториот тим влезе во првиот тим на битолскиот тим и сезонава е на чекор до првата шампионска титула, а е репрезентативец на Македонија. Тој е голема иднина на Пелистер, па оттаму и новата соработка која е потпишана.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, рече Атанасијевиќ.