
Крилниот напаѓач на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Марко Асенсио, потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и тоа како слободен фудбалер. Челнците на „кралскиот клуб“ не сакаат да ја продолжат соработката со репрезентативецот на Шпанија за кого најголем интерес покажува вечниот ривал, каталонскиот гигант Барселона. И самиот Асенсио потврди дека веќе бил контактиран од челниците на Барса.