АНКЕТА: Дали сте за промена на Уставот според актуелниот предлог доставен од Владата во Собранието?

12555

Откако предлогот за промена на Уставот помина на Влада, на потег е Собранието.  Владата повика на конструктивност и постигнување натпартиски консензус за усвојување на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија, и услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

Триесет работни дена од денот на влегување во собраниска процедура на Предлогот треба да се гласа за утврдување на потребата за промена на Уставот.

Претседартелот на Собранието Талата Џафери посочи дека од приемот на материјалите до гласањето се потребни 30 работни дена затоа што максимум десет дена треба да работи Уставната комисија која со работа треба да заврши осум дена пред денот утврден за гласање.

Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.

Дали сте за промена на Уставот според предлогот доставен од Владата во Собранието?