АНКЕТА: Дали претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно?

7165

Во длабока политичка криза и без обезбедено мнозинство за уставни измени, изборите и покрај тоа што се наметнуваат како решение, власта и опозицијата и натаму со различни гледишта кога е најповолно нивното одржување. ВМРО-ДПМНЕ до неодамна инсистираше на брзи избори, уште есенва, а владејачката СДСМ, пак, од своја страна вели дека изборите ќе се одржат во редовниот термин.

Претседател на држава се избира во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, а собраниски состав во последните 90 дена. Мандатот на Пендаровски истекува на 12 мај во 2024 година, а парламентарните избори, согласно уставните рокови треба да се одржат најдоцна до 4 август, денот кога е одржана првата конститутивна седница во 2020 година.

Два изборни циклуса во рок од неколку месеци се голем трошок, со оглед на фактот што за едни избори од државната каса се издвојуваат најмалку по 6 милиони евра. Експертите предупредуваат дека двојни избори ќе гарантираат и поголема излезност, која, можеби, ќе биде доведена во прашање ако треба да излезат граѓаните два пати на гласање во краток временски период.

Дали претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно?